| четврток, 6 декември 2018 |

Наумоски останува претседател на МКФ!

Петар Наумоски останува на чело на МКФ откако актуелниот претседател ја доби потребната поддршка за да остане претседател на „куќата на кошарката“.

„Од вкупно 28 гласови на собранието, дури 18 се за, а десет се против. Прашањето беше дали искажувате доверба на претседателот, така што Петар Наумоски останува на чело на федерацијата“ – изјави претставникот на Верификациската Комисија.

На изборот му претходеше жестока дискусија околу начинот на гласање, при што Наумоски инсистираше истото да биде тајно, и покрај барањата на неговата опозиција гласовите да се даваат јавно.

Претставникот на Агенцијата за Млади и Спорт исто така посочи дека согласно актите на федерацијата, нејзиниот Статут и Деловникот за Работа на Собранието, гласањето за доверба во претседателот треба да биде јавно, но Наумоски го одби и неговото барање, само заблагодарувајќи му се на присуството, потенцирајќи дека одлуката сепак ја носи претседателството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top