| четврток, 6 декември 2018 |

Во новиот број на неделникот „Република“ ќе читате

Во новиот број на неделникот „Република“, кој е во продажба од 16 декември 2016 година, ќе читате:

naslovna_republika-br224_520px

СДСМ упорно ја гази вољата на граѓаните
Заев ја донесе Македонија на раб на граѓанска војна
Не е го­ле­мо из­не­на­ду­ва­ње­то што За­ев и ра­ко­водс­тво­то на СДСМ од­би­ва­ат чес­но да приз­на­ат по­раз и да му ја че­сти­та­ат по­бе­да­та на про­тив­ни­кот. Не е из­не­на­ду­ва­ње ни­ту не­го­ва­та под­го­тве­ност да ја вов­ле­че др­жа­ва­та во кр­ва­во сце­на­рио. Тоа се пос­лед­ни си­ли на чо­век што ја гу­би поч­ва­та под но­зе. Чо­век во очај, кој е под­го­твен да се од­маз­ди на се­кој што му се ис­пре­чил на па­тот. Ди­ле­ма­та е да­ли Ма­ке­до­ни­ја има си­ла да ја из­бег­не (искре­но ве­ру­вам) пос­лед­на­та ста­пи­ца на „ча­до­рот“ и да одо­лее на опас­но­ста?
Сце­на­ри­о­то за бра­то­у­бис­тве­на вој­на, кое пре­тр­пи не­кол­ку из­ме­ни и над­град­би во пос­лед­ни­те две го­ди­ни и кое до­се­га ВМРО-ДПМНЕ ус­пеш­но го из­бег­ну­ва­ше, се­га е по­втор­но актив­но. Мо­же­би не ка­ко пр­вич­на за­мис­ла за ко­не­чен ис­ход од пред­вре­ме­ни­те из­бо­ри, но си­гур­но ка­ко ре­зер­вен план по не­ус­пеш­но­то сце­на­рио да се ур­не вла­ста со из­бор­ни ма­ни­пу­ла­ции.

Поддршката на Албанците купена со милиони евра
Со црни пари платени преку 70.000 албански гласови?
Кол­ку цр­ни ми­ли­о­ни евра чи­нат гла­со­ви­те во Са­рај, Ара­чи­но­во, Брест, Та­ну­шев­ци? Исти­те овие акту­ел­ни „ба­сти­о­ни на СДСМ“ се за­пи­ша­ни во ко­ле­ктив­на­та ма­ке­дон­ска ме­мо­ри­ја ка­ко упо­ри­шта на бор­ци­те за от­це­пу­ва­ње. Ток­му за овие ме­ста „ти­тка­ше“ и Му­ха­мед Зе­ки­ри, но­ва­та „не­за­вис­на ѕвез­да“ на СДСМ уште на пр­вич­ни­те пре­бро­ју­ва­ња на гла­со­ви­те. Но, тие по­ра­ки не беа на­ме­не­ти за сла­ве­ње во СДСМ, ту­ку беа по­ра­ки со по­твр­ди до фи­нан­си­е­ри­те де­ка се ис­по­ра­чу­ва нап­ла­те­но­то. СДСМ до­се­га не од­го­ва­ра на јав­ни­те про­зи­вки да­ли се лег­на­ти огром­ни су­ми па­ри на сме­тки на фи­зич­ки ли­ца од нај­тес­но­то ра­ко­водс­тво на СДСМ и, исто та­ка, да­ли се лег­на­ти огром­ни су­ми па­ри на сме­тки на прав­ни ли­ца бли­ски до За­ев, СДСМ и Со­рос? Или, да­ли кам­па­ња­та на СДСМ и гла­со­ви­те на ет­нич­ки­те Ал­бан­ци се нап­ла­те­ни со цр­ни па­ри од ал­бан­ска­та ди­јас­по­ра?

Колумна, Горан Момироски

Националното помирување како прв приоритет
Се су­дри­ја ку­мо­ви и ку­ма­ши­ни, не раз­го­ва­ра­ат бра­ќа и се­стри, ро­ди­те­ли и де­ца, не са­ка­ат ни очи да си ви­дат дру­га­ри од дет­ство, дол­го­го­диш­ни ко­ле­ги и ко­ле­шки ко­му­ни­ци­ра­ат са­мо служ­бе­но. Сим­па­ти­ја­та за раз­лич­ни по­ли­тич­ки пар­тии пре­диз­ви­ка омра­за ка­ко ни­ко­гаш во мо­дер­на­та исто­ри­ја на Ма­ке­до­ни­ја. Ово­го­диш­ни­те пар­ла­мен­тар­ни из­бо­ри за две­те нај­го­ле­ми пар­тии беа исто­ри­ски и ре­фе­рен­дум­ски, но крај­но вре­ме е ин­сти­ту­ци­о­нал­но, пар­ти­ски, пре­ку нев­ла­ди­ни­те ор­га­ни­за­ции, па ако са­ка­те и пре­ку стран­ци­те кои има­ат сво­ја уло­га во по­дел­ба­та на ма­ке­дон­ско­то др­жав­но и на­ци­о­нал­но тки­во, да се пре­ве­ни­ра на­та­мош­на еска­ла­ци­ја на со­стој­би­те. Фру­стри­ра­ни­от ма­ке­дон­ски гра­ѓа­нин од ко­ја би­ло по­ли­тич­ка про­ви­ни­ен­ци­ја ве­ќе не мо­же да ги из­др­жи си­те стре­со­ви на кои е под­ло­жен. Вре­ме е за дра­ма­тич­на про­ме­на и нов по­че­ток во кој гла­вен при­о­ри­тет тре­ба да би­де бор­ба­та про­тив омра­за­та. Ма­ке­до­ни­ја не смее да си доз­во­ли уште две, три или че­ти­ри го­ди­ни кри­за во ко­ја ќе ска­пу­ва­ме ка­ко на­ци­ја. Тој лу­ксуз во си­ту­а­ци­ја ко­га САД и Бри­та­ни­ја раз­мис­лу­ва­ат за ти­вко пов­ле­ку­ва­ње од Бал­ка­нот, а Евро­па не знае што да пра­ви ни со са­ма­та се­бе, ед­но­став­но не сме­е­ме да си го доз­во­ли­ме. Зна­ме­то на Ма­ке­до­ни­ја со че­ти­ри­те вол­ци во со­седс­тво­то, кое се­га е мо­ди­фи­ци­ра­но со уште еден волк по­ве­ќе на се­вер, мо­же­би, не­ма исто зна­че­ње ка­ко пред сто го­ди­ни, но сѐ уште има сво­ја сим­бо­ли­ка ба­зи­ра­на на ре­ал­но­ста. Вло­гот е огро­мен, не мо­же­ме да ја ри­зи­ку­ва­ме не­за­вис­на­та др­жа­ва за ко­ја се бо­ре­ле и ги­не­ле сто­ти­ци ил­ја­ди лу­ѓе во ми­на­то­то.

Македонија заложник на недоветна партија и опортунистички лидер
Фе­но­ме­нот За­ев – др­жа­ва­та се тре­се, а тој ла­же ли ла­же
Ли­де­рот на СДСМ ста­на си­но­ним за ла­га. На со­ци­јал­ни­те мре­жи не е ве­ќе „на ла­га­та“ ту­ку „на За­ев му се кра­тки но­зе­те“. Би­се­ри­те му ги зна­е­те си­те, ла­ги­те уште по­до­бро, а пос­лед­на­та е таа за оста­вка­та. Ќе ја дал и во пар­ти­ја и во оп­шти­на ако на по­бе­дел. И „шу прај­ме“ се­га за „ва­де­ње“ од глу­по­ста? Па единс­тве­но­то што го знае За­ев – кри­за, но­ви ла­ги и уште по­но­ва де­вал­ва­ци­ја на си­сте­мот, др­жа­ва­та и на сопс­тве­на­та на­ци­ја… Ви­стин­ски­от проб­лем е што овој пат и За­ев е из­ла­жан. Го из­ла­жаа де­ка ќе по­бе­ди, па тој коц­кар­ски, си­гу­рен во ме­стен­ка­та, ста­ви сѐ во за­лог. Ар­но ама, ча­до­рот му обез­бе­ди „са­мо“ 70.000 ал­бан­ски гла­со­ви, а ве­тил 100.000. Та­кси­рат…

Колумна, Никола Србов
Ако мо­жев­ме да ја за­шти­ти­ме Евро­па од eми­гран­ти­те, мо­же­ме и Ма­ке­до­ни­ја од пре­дав­ни­ци­те
Во мо­мен­тов ко­га го пи­шу­вам ова, ма­ке­дон­ски­от на­род се ор­га­ни­зи­ра и се со­би­ра да из­ле­зе на ули­ца, да си ја од­бра­ни др­жа­ва­та, да го спре­чи раз­не­би­ту­ва­ње­то на сопс­тве­на­та др­жа­ва, ко­ја ја до­би со мно­гу жр­тви низ исто­ри­ја­та. Со ма­ке­дон­ски­от на­род ќе из­ле­зам и јас, и си­те дру­ги што са­ка­ат да оп­ста­не на­ша­та др­жа­ва би­деј­ќи не­ма­ме дру­га, а те­шко де­ка ќе би­де­ме ки­ра­џии. Ќе из­ле­зе­ме да ги ис­пра­ти­ме во исто­ри­ја­та си­те тие што ѝ по­са­ку­ва­ат смрт на др­жа­ва­та, да ја ис­пра­ти­ме во исто­ри­ја­та ва­ква­та ма­ке­дон­ска ле­ви­ца, ко­ја пре­ку сво­и­те ме­ди­у­ми со­оп­шту­ва де­ка ќе на­ви­ва за смрт­та на Ма­ке­до­ни­ја. Уште не им ка­жа­ле де­ка ќе не­ма­ат за ко­го да на­ви­ва­ат, тоа, мо­же­би, ќе го доз­на­ат де­не­ска, отка­ко на­ро­дот ќе рас­чи­сти со си­те што ѝ по­са­ку­ва­ат смрт на оваа зем­ја.

двоглед
Заев: Не признавам избори на кои СДСМ не победува
Ли­де­рот на СДСМ, Зо­ран За­ев, по­втор­но не ги приз­на ре­зул­та­ти­те од пар­ла­мен­тар­ни­те из­бо­ри, на кои 454 ил­ја­ди гра­ѓа­ни гла­саа за ВМРО-ДПМНЕ ка­ко по­бед­ник на из­бо­ри­те.
Спо­ред За­ев, тоа што ре­чи­си по­ло­ви­на ми­ли­он Ма­ке­дон­ци не ги под­др­жа­ле не­го­ви­те пла­но­ви за дво­ја­зич­ност и фе­де­ра­ли­за­ци­ја на Ма­ке­до­ни­ја и го по­ра­зи­ле СДСМ е ја­сен до­каз де­ка из­бо­ри­те се не­ре­гу­лар­ни и ре­зул­та­ти­те од исти­те не смее да би­дат приз­на­е­ни.

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top