| четврток, 6 декември 2018 |

Вонредно собрание на МКФ

mkf

Претседателот на Македонската кошаркарска федерација Петар Наумоски на барање на повеќе клубови и по одлуката на Управниот одбор од 8 ноември, за денеска закажа вонредно Собрание на МКФ.

Според Дневниот ред на вонредната седница на Собранието која ќе се одржи во Скопје со почеток во 15 часот главната точка ќе биде гласање доверба на претседателот Наумоски.

Во случај да се изгласа негова недоверба, следува пауза на Собранието во која кандидатите за нов претседател на МКФ треба да ги достават своите програми до надлежната комисија кој ќе ја утврдува основаноста на кандидатурите.

Ако се биде во ред, тогаш би се пристапило кон одржување на Изборна седница на која покрај претседател ќе се избираат и членови на Управен и на Надзорен одбор на МКФ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top