Синот на канадскиот пејач Мајкл Бабл, ќе биде подложен на операција на рак на црниот дроб на крајот на декември,пренесе Дејли мејл“
Тригодишниот Ноа во моментот е на хемотерапија за да се намали туморот, а овој третман, наводно ќе трае четири месеци.
Освен тоа, потврдено е дека момчето по завршениот третман во болницата, по налог на лекарите, Божиќ ќе го помине дома во кругот на семејството.
– Наместо како досега Божиќ да го слават во Канада, Мајкл и Лусијана одлучија семејството да се собере во Лос Анџелес за да бидат покрај детето и да му приредат незаборавна прослава на празникот – рекол извор близок до двојката за „Мирор“.
Минатиот месец семејството Бабл ја објави веста на социјалните мрежи дека нивниот син има карцином.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.