Популарната пејачка, чија кариера трае веќе три децении, планира да се прости од естрадата, рпенесуваат српските медиуми. Нејзиниот последен албум ќе биде дело на сопругот на Ана Николиќ, Стефан Ѓуриќ Раста, бидејќи на Лепа Брена многу ѝ се допаднал албумот што го направил за својата сопруга и кој е голем хит.
-Таа се воодушеви од фактот што раста на жена си ѝ направи хит-албум за само три месеци, па и самата посака таква бомба која ќе стави точка на нејзината дискографска кариера- вели извор близок на Лепа Брена, додавајќи:
-Тој веќе има две песни што одлично би ѝ легнале, па се чека таа да се врати од Дубаи и да ја продолжат соработката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.