| четврток, 6 декември 2018 |

ДИК: Најголем одѕив на гласањето во дијаспората во Софија и Анкара

Најголем број избирачи од дијаспората се пријавиле да гласаат во Швајцарија каде на четири избирачки места во Берн треба да гласаат 4.255 лица, во САД во четири града - Вашингтон, Детроит, Чикаго и Њујорк вкупно треба да гласаат 3.086 лица и во Австралија на две избирачки места во Мелбурн и Канбера каде треба да гласаат вкупно 1.807 лица

Најголема излезност до 13 часот во 46-те ДКП на Република Македонија во кои денеска се гласа за предвремените парламентарни избори од 55,5 отсто е регистрирана во Софија и Анкара.

Според податоците на Државната изборна комисија, во Софија од запишаните 36 гласачи гласале 20 лица, а во Анкара од 45 гласале 25-мина.

Најголем број избирачи од дијаспората се пријавиле да гласаат во Швајцарија каде на четири избирачки места во Берн треба да гласаат 4.255 лица, во САД во четири града – Вашингтон, Детроит, Чикаго и Њујорк вкупно треба да гласаат 3.086 лица и во Австралија на две избирачки места во Мелбурн и Канбера каде треба да гласаат вкупно 1.807 лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top