| четврток, 6 декември 2018 |

Македонските иселеници на потег за зачувување на државата

На полноќ почнува молкот пред неделните предвремени парламентарни избори во Република Македонија. Во сабота, ден пред изборите, ќе гласа дијаспората, пријавените болни и изнемоштени лица, затворениците и лицата во притвор.

Своето право на глас во странство државјаните на Република Македонија ќе можат да го остварат во 41 дипломатско-конзуларно претставништво и конзуларни канцеларии, од 7 до 19 часот по локално време. Најмногу пријавени за гласање има во Берн 4.256, во Венеција, 2724, во Детроит 1.170, Њујорк 1.168, Мелбурн 1.112…

Пријавени за гласање во странство се 20.573 граѓани, додека  на посебниот Избирачки список се запишани 230.122 лица кои согласно евиденцијата на надлежен орган се смета дека се на привремена работа во странство.

ОМД: Изборите клучни за идните генерации на Македонија

Обединетата Македонска Дијаспора, (ОМД), ги повикува сите граѓани на Република Македонија со право на глас, со живеалиште во и надвор од татковината, да излезат и да гласаат на изборите овој викенд на 10 и 11 декември, 2016 година.Од ОМД посочуваат дека идната Влада ќе мора да се посвети на враќање на позитивната слика на Македонија во светот, како лидер во Балканот во сите полиња, идна членка на НАТО и ЕУ. Сметаат дека исклучително важно е членството во НАТО, со кое, стравот за можна федерализација на Македонија ќе згаснe.

Ги повикува граѓаните да излезат да гласаат за демократска, суверена, слободна, просперитетна и стабилна Македонија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top