| четврток, 6 декември 2018 |

Дијаспората му порача на Заев: Треба да дадете неотповиклива оставка!


Неуспехот на референдуот се едначи на дебакл на коалицијата на премиерот Заев и министерот Димитров, велат од Обединета Македонска Дијаспора. Како што порачаа тие, премиерот и министерот за надворешни работи после ваквите резултати од референдумот, треба да поднесат неотповиклива оставка.

-Македонските гласачи се одзваа на референдум за промена на уставното име на Република Македонија во Северна Македонија. Излезеноста на гласачите беше помала од 37% од вкупниот број регистрирани гласачи на единствениот гласачки список, со што референдумот се карактеризира како невалиден според македонскиот устав. Според Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) – водечкиот глас на македонците надвор од Македонија, неуспехот на референдумот се едначи на дебакл на владеачката коалиција предводена од Премиерот Зоран Заев, поради што ОМД повикува на итна и неотповиклива оставка на Премиерот Зоран Заев и Министерот за Надворешни Работи Никола Димитров – стои во соопштението на ОМД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top