Дваесетгодишната Владислава Подчапко ги оставила своите деца сами во станот, за неколку дена да помине со својот љубовник. Нејзиниот 23-месечен син Данил починал од глад по шест дена. Во изјава за полицијата, младата Украинка рекла дека не знаела дека децата може да умрат, пишува „Дејли мејл“.
Момчето и неговата двегодишна сестра биле оставени сами девет дена без храна во нивниот дом во Киев. Данил починал по шест дена, а малата Ана следните три дена ги поминала покрај неговото тело.
Преплашените деца се обиделе да побегнат од заклучениот стан. Тие ја влечеле влезната врата, но безуспешно. Соседите ги слушале децата како плачат и наутро и навечер. Некои тврдат дека повикале полиција, но помош не пристигнала.
Кога мајката конечно се вратила дома, девојчето било однесено во болница и само на работ на смртта поради изгледнување. Лекарите велат дека е вистинско чудо што преживеала.
Нивната мајка, која во моментот е трудна со нејзиното трето дете, е во притвор, а се соочува со казна до осум години во затвор за запоставување на деца.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.