Во новиот број на Република ќе читате:
Нашата генерација е на потег
На 11 декември избори се за Македонија!
Зоран Заев е мртов политичар и неговите денови се одброени на политичката сцена! Прашањето е дали ќе успее со себе да ја повлече целата држава или на буништето ќе заврши само со своите најблиски соработници. Затоа, на 11 декември е пресудно во колкав број ќе кажеме стоп за Заев и стоп за деструктивната политика на СДСМ. Во каква држава ќе живееме ние и нашите поколенија не зависи само од политичарите, туку и од нас самите. Каква Македонија ќе им оставиме на нашите идни поколенија ќе зависи од нашиот глас на 11 декември. Време е да ги збришеме сите оние што се дрзнаа да стават рака на нашето име, јазик, територија…! Овој пат од нас зависи! На 11 декември на потег е нашата генерација!
За Македонија се работи!
Заев го заокружува планот за Голема Албанија
Двојазичноста дел од мегаалбанскиот проект
Што донесе двојазичноста во доминантно албанските општини, која сега Зоран Заев и СДСМ се обидуваат да ја надградат во замена за албанските гласови? Концептот што место соживот донесе паралелизам им го разви мегаалбанскиот проект на Албанците пред државната унитарност. Актуелното одење „преку рамката“ го разнебитува карактерот на државата предизвикувајќи безбедносни ризици.
Опозициска предизборна традиција
Лажни анкети како алиби на СДСМ за постизборна криза?
Дузина лажни анкети предизборно ја сардисаа Македонија. Старите кучиња, очигледно, не можат да научат нови трикови, но, барем, не мора истите да ги повторуваат идентични ликови. „Рејтинг“ излезе со нова небулоза, а „Телма“ се заглави со разликите со ТВ „Нова“ со анкета од истата агенција „М Проспект“?! Логиката на раководството на СДСМ, пак, води кон ширење лажен триумфализам за мотивирање на гласачите и на членството или, сепак, е ново алиби за постизборна криза. Небаре, „анкетите покажаа дека сме поблиску до изборите“?! За нечија жал, на лагата ѝ се многу, многу кратки нозете. Должината ќе им се објави на 11 декември. „Шу праиме“ потоа со смешната должина на опозициските нозе?
Колумна, Горан Момироски
Изборот е меѓу Македонецот и Македончето
Тоа што Заев и неговата кампања нѐ сметаат за „небањати“ и пониска класа сите нас за кои националните прашања се поважни од останатите политички прашања во државата, не би било толку страшно доколку Заев навистина веруваше во тоа што го зборува. Но, кога ќе видите дека единствениот капиталист на чело на Социјалдемократска партија во Европа на својата листа има едвај двајца Албанци на реално добитни позиции, тогаш сфаќате дека не се работи ниту за искреност, ниту за чесност, ниту за идеали, ниту за македонско-албанско братство, туку единствено за начин да се дојде до власт.
Македонскиот народ можеби е небањат, можеби делумно заслужува да го именуваат со деминутивот „Македонче“, можеби не може да ги разбере идеите на големиот визионер од Муртино, можеби е заслепен од вмровската пропаганда, но ни оддалеку не може да се смета за недоветен. Народот што преживеал толку многу маки во својата историја, народот што е еден од ретките феномени на светско ниво и станал нација без да има своја држава, не може да го прелаже ниту Заев, а се сомневам и за психометријата на Кошински и на Никс.
колумна, Љупчо Пренџов
Весела математика во црна кампања
Да бидеме сериозни! Во Република Македонија уште пред две и пол години ѓаволот ја однесе шегата. Откако, очајни и клекнати на колена успеаја поданички државата да ја претворат во протекторат на амбасадорски комбинаторики и агентури, сега им останува да измамат колку што е можно повеќе гласачи и долгот кон менторите да го испорачаат на тацна. Но, разбирливо, доколку сите сме вчерашни. А дали народот мисли така и дали воопшто сака така, ќе видиме в недела. Јас верувам во исконската желба, порив, па и инстинкт на македонскиот народ дека, сепак, ќе успее да ја одбрани скапо здобиената самостојност. Со 63 пратеници и со формирање стабилна влада, по желба и по терк на мнозинството граѓани на Република Македонија. Влада што ќе мисли само за интересот на Република Македонија и која ќе одговара само пред граѓаните на Македонија. Само така ќе ја пратиме вистинската порака и кон надвор и кон граѓаните. Тоа е тоа што им го должиме. Тоа нѐ прави држава!
колумна, Никола Србов
„Албанска православна црква“ ќе биде круната на федерализацијата
Само да ве потсетам, пред неколку месеци беше издадена книга и се отвори прашањето за создавање „Албанска православна црква“ во Република Македонија. Барањето на одредени кругови за создавање паралелна црква во нашата држава одеше дотаму што се бараше Бигорскиот манастир да биде еден вид седиште на оваа црква. Доколку се изврши децентрализацијата како што планираат Зоран Заев и СДСМ, тогаш сѐ поизвесно е регистрирањето на ваква паралелна црква, кое, покрај тоа што е незаконски, е и неканонски.
На тој начин македонското прашање ќе биде затворено со еден удар. Името на државата – променето. Идентитетот на Македонците – обезличен преку јазикот. Прашањето околу МПЦ – затворено.
колумна, Ацо Станковски
Месијанизам
Да се нарече една политичка предизборна кампања „За живот“ звучи ако не потполно очајно или, пак, ужасно патетично (за оние со смисла за хумор), тогаш барем беспоговорно, мора да признаеме, дека тука има силни асоцијации на месијанизам.
Ако кон ова ги додадеме и интимните сведочења на лидерот на СДСМ, дека бил црпнат од нива од страна на некоја неидентификувана „натприродна сила“ за да ја изврши својата „мисија“ на земјава (Македонија, Струмица или Муртино, кој ли ќе го знае…), тогаш гледаме дека имаме еклатантен пример за еден вид подвоена личност, за ментално болна личност, која во себе одгледува неколку тврдокорни карактери. Едниот е симпатичен и непосреден земјоделец, другиот е итар и алчен опортунист, а третиот е „месијата“, избраниот од „бога“ (или, можеби од нечестивиот), со мисија да завладее со срцата и душите на луѓето. А кој се спротивстави – исчезнува од просторот за живите.
писма, документи, сведоштва
Територијалната поделба и референдумот во 2004 година
Новиот број на списанието „Македонски архивист“ со поднаслов „Територијалната поделба на Република Македонија и Референдумот 2004 (Документи)“ содржи избор на документи од фондот 1515, претседател на Влада на Република Македонија (1990-2006). Селекцијата и изборот се наметнаа природно, при процесот на средување и обработка на архивскиот материјал. Одредени документи го свртеа нашето внимание и нѐ натераа подетално да ги проучиме и анализираме. Оттука, истите се конципирани на следниов начин: прво ги пренесуваме белешките во ракопис, кои се од кабинетот на претседателот на Владата на РМ во периодот 2002-2004 година, а се однесуваат на претстојните претседателски и локални избори, како и процесот на децентрализација на Република Македонија. Следат документи од претседателот на Владата на РМ по повод усвојувањето на пакетот закони за децентрализација. Посебно интересен за проучување е планот за медиумска поддршка на процесот за децентрализација. Потоа се прикажани извештаи од меѓународната заедница што се однесуваат на избирачкиот процес. Исто така, вклучени се и табеларни прегледи на реализација на оперативната програма за децентрализација на власта 2003-2004 во делот на измени и дополнувања на законите. На крајот, издвоивме информации и изјави од претседателот на Владата на РМ и дипломатски претставништва, по завршувањето на референдумот.
двоглед
Неопределените Заев и Шекеринска тврдат: „Ќе гласаме за СДСМ и СДСМ сигурно ќе победи“
Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска го искажа своето уверување дека опозицијата има шанса да победи на престојните парламентарни избори доколку успее да се избори за гласот на неопределените луѓе како што е самиот тој.
Според него, досегашните анкети покажале дека токму неопределените пак ќе го одлучуваат победникот и на овие избори, и токму тука е шансата на опозицијата, имајќи предвид дека тој и другите неопределени гласачи има големи шанси на денот на избори да одлучат да гласаат за СДСМ.
– Значи, јас како неопределен верувам дека сум убеден дека СДСМ триумфално ќе помине на изборите бидејќи иако заостанува во рејтингот зад ВМРО-ДПМНЕ со некои меѓу 50 до само 160 илјади гласа, ние неопределените, меѓу кои сум и јас и Радмила Шекеринска, Шилегов и другите, сите ние ќе гласаме за СДСМ најверојатно, па заедно сплотени ќе го одлучиме победникот на изборите – изјави Заев.
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.