Вицепремиерот и министер за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски, денеска се сретна со Роберто Батели, координаторот на краткорочната набљудувачка мисија на ОБСЕ за предвремените парламентарни избори во Република Македонија, кои ќе се оддржат на 11 декември 2016 година, кој воедно е и специјален претставник за Западен Балкан на Парламентарното собрание (ПС) на ОБСЕ.
Попоски, како што соопштуваат од Министерството за надворешни работи, ја подвлекол важноста на набљудувачките мисии на изборите во Република Македонија, потенцирајќи ги позитивните искуства од мониторингот на ОБСЕ на бројни изборни циклуси во минатото.
На средбата, Попоски, информирајќи го гостинот за досегашното одвивање на предизборната камапања и активности е поздравена севкупната соработка со ОБСЕ, за што меѓу другото сведочи и успешната организација на Есенската сесија на ПС на ОБСЕ, што се одржа во Скопје, во септември 2016 година.
Исто така, Попоски ја поздрави работата на Роберто Батели во зајакнувањето на дијалогот на ниво на парламентарната соработка, во неговото својство како специјален претставник за Западен Балкан на ПС на ОБСЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.