Меѓународните набљудувачи сметаат дека референдумот во Турција не е согласно меѓународните стандарди, изјави Тана де Зулуета, шефица на набљудувачката мисија на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ). Зулуета истакна дека одлуката на изборната комисија да ги прифати за важечки ливчиња, оние кои не се испечатени од официјални претставници, е спротивна со мерките против изборната измама.
– Двете страни во кампањата немале еднакви можности за претставување пред одржувањето на референдумот. Последните измени во процедурата за пребројување на гласачките ливчиња придонесе за поништување на важна заштита за изборниот процес, нагласи претставникот на заедничката мисија на ОБСЕ/ОДИХР/ПССЕ, Чезар Флорин Преда на заедничката прес конференција со Зулуета.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.