Во едицијата „Културно наследство“ на издавачката куќа „Матица македонска“ од Скопје, излезе од печат монографијата „По трагите на нашите предци – нови сознанија за македонското културно наследство“ од проф. д-р Димитар Ќорнаков. На страниците од своето најново богато илустрирано дело, познатиот научник пишува за најначајните македонски светилишта, како и за развојниот пат на резбарството во Македонија и посебно ги анализира резбите во манастирот Свети Јован Бигорски, царските двери од црквата Св.Кирил и Методиј во Гевгелија, копаничарите од Река и др.
Димитар Ќорнаков и припаѓа на првата генерација македонски истражувачи на средновековната уметност и на богатото културно наследство на Македонија. Автор е на монографските трудови „Творештвото на мијачките резбари“, „Македонска резба“ , „Македонски манастири“ , „Резбарски центри во Македонија“, „Цркви и манастири во Тиквешијата“, „Слимнички манстир“, „Од првиот грев до Страшниот суд“, „Копаничарот Макарија од Галичник“, „Полошки манастир Св.Ѓорѓи“, „Копаничарот Димитрија Станишев од Крушево“ и „Соборните храмови во Македонија од времето на преродбата“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Промоција на книгата „Конзерваторско-реставраторски методи и третмани на Охридската збирка икони“од Ангелина Поповска
-
Негрижата на СДСМ за вистинското културно наследство дојде на виделина, се распаѓа куќата на Стале Попов
-
Валоризација на црквата Св. Ѓорѓи во Курбиново како културно наследство од посебно значење
-
Промоција на книга раскази за Ново маало од Владимир Плавевски


