Меѓународна конференција ,,Валоризација на црквата Свети Ѓорѓи во Курбиново од XII век како културно наследство од посебно значење на патеката за културно наследство во 2018 година’’ и церемонија за Иницијативата ,,Факел на културното наследство“ во Република Македонија, во рамки на Европска година на културното наследство 2018 година ќе се одржи денеска (28.09) во ЕУ Инфо центар / Чифте амам.
Управата за заштита на културното наследство и Здружението за валоризација, популаризација и едукација на културното наследство ,,Македонида“ , денеска свечено ја почнаа меѓународната конференција ,,Валоризација на црквата Свети Ѓорѓи во Курбиново од XII век како културно наследство од посебно значење на патеката за културно наследство во 2018 година“
Во фокус на конференцијата ќе биде црквата Св.Ѓорѓи од Курбиново – нејзиното значење, конзервација, но и ревитализација во насока на развојот на верскиот туризам. Истата е финансиски поддржана од Делегацијата на Европската Унија во Република Македонија во рамките на Европската година на културното наследство 2018.
Здружението „Македонида“, како член на мрежната организација Future for Religious Heritage (FRH) со седиште во Брисел, во партнерство со Управата за заштита на културно наследство, беше домаќин и на Иницијативата „Факел на културното наследство“ која се оржа истиот ден во Чифте амам.
Оваа иницијатива е меѓу водечките настани на европско ниво годинава и има за цел да ја подигне свеста за значењето на богатото верско наследство на Европа. Република Македонија е единствената земја која не е членка на Европската Унија каде ќе се одржи церемонијата на доставување на лични писма во тн. „кутија на сеќавања“. Во рамките на церемонијата во Чифте амам ќе биде отворена и изложбата на фотографии „Свети места“.
Двата настани се во рамките на годишната програма на Управата за заштита на културното наследство за одбележување на Европската година на културното наследство 2018, која се спроведува под слоганот „Нашето наследство – Европска вредност“ и мотото „Кон споделена одговорност за заштита на културното наследство“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Негрижата на СДСМ за вистинското културно наследство дојде на виделина, се распаѓа куќата на Стале Попов
-
Маргарита Плевнеш Петкоска, историчар на уметноста со археологија: Ја развиваме моториката, имагинативноста и креативноста на најмалите
-
Промовирано македонското издание на публикацијата ,,Бизнис план за рехабилитација на недвижни културни добра“
-
Македонското културно наследство претставено на саем во Кина