-СДСМ ќе се фокусира на културно наследство и одржлив туризам Република Македонија никогаш повеќе да не го дочекува со запоставени и уништени, вредни и важни историски локалитети и бесценети природни и културни богатства, изјави Роберт Алаѓозовски, кој беше првиот министер за култура од редовите на СДСМ.
Но веќе повеќе од година ипол се на власт, а културните наследства на Република Македонија се распаѓаат. Најголем пример затоа е и куќата на Стале Попов.
Во селото Мелница, Мариово се наоѓа родната куќа на македонскиот раскажувач и романописец, Стале Попов. Но, состојбата во која се наоѓа истата е катастрофална. Кровот одамна попуштил на времето, околу куќата се обраснати високи треви и трње, а полека и камените ѕидови почнале да паѓаат.
Стале Попов е еден од најзначајните книжевници во македонската историја кој својата љубов кон пишаниот збор ја искажал во млади години.
Негови најпознати литературни дела се „Крпен живот“, „Толе Паша“, „Калеш Анѓа“ и др. Стале Попов починал на 10-ти март, 1965 година на 62-годишна возраст.
СДСМ ветуваа дека ќе преземат мерки за заштита на културното наследство, и се покажа дека се дел од постизборната измама која им ја приредија на граѓаните и тоа се повеќе и повеќе јасно го покажуваат.
фото: Old Prilep/ Itar Pejo Mariovo
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Валоризација на црквата Св. Ѓорѓи во Курбиново како културно наследство од посебно значење
-
Маргарита Плевнеш Петкоска, историчар на уметноста со археологија: Ја развиваме моториката, имагинативноста и креативноста на најмалите
-
Промовирано македонското издание на публикацијата ,,Бизнис план за рехабилитација на недвижни културни добра“
-
Македонското културно наследство претставено на саем во Кина