Македонија се наоѓа на средина на листата кога е во прашање расизмот. Според истражувањето на шведските економисти Никлас Берген и Тереса Нилсон, над 15 отсто од Македонците рекле дека не саакаат да живејат покрај некоја друга раса. во друштво со нашата земја се и Србија, Унгарија, Романија, Русија и Кина. Тука бројот на испитаниците кои не сакаат да живејат со друга раса е од 15-19,9 % . На Балканот по прашањето на расизмот, Албанија е најлоша во регионот. Нивното ниво на толеранција е на ниво на она во Египет, Саудиска Арабија, Иран, Виетнам, Индонезија, каде 30-39,9 отсто од испитаниците рекле дека не би живееле со друга раса. Во друштвото од 20 до 29,9 проценти се наоѓаат Франција, Турција, Бугарија, Алжир, Мароко, Тајланд, Малезија и Филипини.
Најмалку расистички настроени од 0 до 4,9 проценти се Велика Британија, САД, Канада, Аргентина, Колумбија, Бразил, Австралија, Шведска, Норвешка, Латвија и Нов Зеланд.
Подобри од нас се покажале жителите на Словенија и Босна и Херцеговина, кои се расно толерантни како Италијанците, додека Хрватите според овие податоци не се склони кон расизам исто како и Германците и Австријците.

Ова се резултатите од истражувањата на шведските економисти Берген и Нилсон, кои се обиделе да утврдат дали економската слобода ги прави луѓето во државите ширум светот помалку или повеќе склони кон расизмот. Заклучокот од истражувањето е дека миграцијата и националниот идентитет се големи и чувствителни прашања во мнозинскиот дел на Европа, и дека „многумина на Балканот, поради толку години етнички обоени војни, изразиле низок степен на расна толеранција“.
Работата на шведските економисти е заснована на прашања кои се поставуваат низ истражувањето „Ворлд Валуес Сурвеј“, кое веќе со години ги мери глобалните ставови и мислења.
Прашањето кое е поставено на жителите на повеќе од 80 држави било, какви луѓе не би сакале да ви бидат соседи, што чест одговор бил „луѓе од друга раса“, економистите, таа држава ја ставале во помалку расно толерантните. Заклучокот од студијата е дека економската слобода не е поврзана со расната толеранција, но дека затоа влијае на поголема трпеливост кон геј лицата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


