| четврток, 6 декември 2018 |

Брена конечно призна – јас сум виновна!

brena

Фарук Јахиќ во емисијата „Никогаш не е доцна“ откри една интересна информација.

Имено, поради тоа што Лепа Брена му е родена сестра тој го добил прекарот Лепи Бренко.

-Би биле премногу Јахиќи на сцената , а јас тоа и го препуштив на сестра ми, која тоа знаеше подобро да го изнесе- се пошегувал Фарук правдајќи се зошто не се остварил во музиката.

Во истата емисија, Брена до некаде и со тажен  израз на лицето признала дека таа можеби и најмногу е  виновна што нејзиниот брат не постигнал повеќе во музичката кариера.

-И  тој е виновен, но многу повеќе сум виновна јас – рекла Брена.

Таа додала дека му помогнала на братот да може да се грижи за семејството, а сега му овозможил и да се забавува на сцената.

Брена открила дека пред неа нејзиниот брат Фарук и сестрата Факета покажале талент за музика, но дека таа тргнала да пее, затоа што немала пари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top