| четврток, 6 декември 2018 |

Продале бебе за 8.000 евра

Бугари продале во Грција новороденче за 8.000 евра.

Од нив 2.000 евра добила мајката, а другите пари ги земал посредникот.

Бугари се вклучени во продажба на бебе во грчкиот град Катерини, објавува електронското издание на грчкиот весник „Прото тема”. Новороденчето момченце е продадено на бездетно грчко семејство за сума од 8.000 евра.

Мајката на детето е 30-годишна Бугарка, која имала финансиски проблеми.

Таа го предала детето веднаш по раѓањето. Во договорот посредувал 39-годишен Бугарин.

Во октомври исто во Катерини бугарска двојка се обидела да ја продаде ќерката, но во последен момент случајот е стопиран. Тогаш полицијата ги уапсила родителите и уште двајца Бугари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top