| четврток, 6 декември 2018 |

Куче скитник искаса 4-годишно дете по глава, итно пренесено во тетовската болница

kuce-besno

Четиригодишно момче од селото Прељубиште, општина Јегуновце, денеска во 14 часот и 40 минути било искасано по главата од куче скитник.

– Настанот се случил во дворот од семејната куќа на момчето во селото. Кучето повеќе пати го гризнало детето од двете страни на главата, а поради повредите веднаш било донесено во клиничката болница во Тетово за да му се укаже соодветна лекарска помош, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top