| четврток, 6 декември 2018 |

Сестрата на Кастро, соработник на ЦИА, нема да присуствува на погребот на Фидел

Сестрата на кубанскиот лидер Фидел Кастро нема да присуствува на церемонијата за простување со поранешниот претседател. Хуанита Кастро, помладата сестра на Фидел, живее во Мајами уште од 1964 година, а и сама потврдува дека соработувала со ЦИА за да го собори кубанскиот револуционер и претседател, пренесува Франс прес.

Помладата сестра демантира дека ќе оди на островот да присуствува на неговиот погреб.

-Во врска со гласините дека ќе дојдам на Куба за погребот, сакам да кажам дека никогаш се немам вратено на тој остров, ниту пак планирам да се вратам- изјави таа за весникот „Ел Нуево хералд“.

Хуанита Кастро, која се противеше на владеењето на Фидел Кастро, рече дека, како сестра на Фидел, се соочува со загуба низ која поминува секој што загубил „некој со кого е во крвно сродство“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top