| четврток, 6 декември 2018 |

Трагедија во кралското семејство: Сестрата на кралицата пронајдена мртва!

Најмладата сестра на холандската кралица Максима пронајдена е мртва во својот стан во Буенос Аирес, соопштиле аргентинските власти.

Смртта на 33 годишната Инес Зорегијате ја поврдила вчера неименувана личност од канцеларијата на обвинителот, која барала да остане анонимна.

Како што пишува БиБиСи, таа е најдена обесена во својот стан, а локалните медиуми пишуваат дека најверојатно се работи за самоубиство.

Зорегијете била психолог и работела во канецеларијата за социјална политика во претседателската канцеларија.

Кралицата Максима е Аргентинка, а се омажила за тогашниот престолонаследник Вилием Александер.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top