| четврток, 6 декември 2018 |

Уште еден дипломат од американската амбасада во Куба заболе од мистериозната болест

„Уште ден дипломат во амбасадата на САД во Хавана заболе од Кубанскиот синдром“, соопшти Стејт департментот.

Станува збор за еден од двајцата вработени во Амбасадата на САД во Хавана, кои неодамна беа евакуирани од Куба откако пријавија симптоми. Со тоа бројот на заболени се искачи на 25 лица.

Портпаролката на Стејт департментот Хедер Нојерт изјави дека пред најновиот инцидент, последен медицински потврден случај на Куба е забележан во август 2017 година.

– Ова е прв медицински потврден случај во Хавана од август 2017 . Бројот на Американци кои доживеале ваков синдром достигна 25,  изјави портпаролката на Стејт Депатрментот, Хедер Њуарт на прес конференција во Вашингтон.

Американските властите претходно издадоа предупредување за државјаните на САД во Кина, откако еден вработен во конзулатот во Гуагџоу пријави слични симптоми и чудни звуци. Подоцна е потврден „медицински инцидент“, сличен како кај американските дипломати на Куба.

Мистериозна болест на крајот од 2016 година ги погоди вработените во Амбасадата на САД и нивните семејства на Куба.

извор: ako.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top