| четврток, 6 декември 2018 |

Пронајдена една од двете црни кутии, по авионската несреќа на Куба

Авион со 110 патници и членови на екипажот се срушил набрзо после полетувањето од аеродромот во главниот град на Куба, Хавана. Власите соопшија дека е пронајдена една од двете црни кутии. Само три жени ја преживеале авионската несреќа. Моментно, нивната состојба е критична, поради сериозни повреди.

Кубанската државна телевизија пренесува дека авионот од тип „Боинг 737“ се срушил набрзо после полетувањето од аеродромот во Хавана. Како што пренесуваат тамошните медиуми, се шпекулира дека има само тројца преживеани патници кои што биле во критична состојба. Кубанскиот претседател Мигел Диаз-Канел пристигнал на аеродромот непосредно после падот на авионот и во краткото обраќање до државните медиуми открил дека „веројатно има голем број на жртви“.

Локални извори пренесуваат дека станува збор за авион кој што бил изнајмен од страна на кубанската државна авиокомпанија „Кубана Де Авиасион“, а авионот го управувал странски екипаж.

Засега не е позната причината за падот на авионот, а иако речиси сигурно станува збор за техничка грешка, некои кубански медиуми пренесуваат дека авионот експлодирал пред да падне на земјата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top