| четврток, 6 декември 2018 |

Жена и дете загинаа при пожар во камп за бегалци на островот Лезбос

Возрасна жена и шестгодишно дете загинаа доцна синоќа при пожар во камп за бегалци на грчкиот остров Лезбос во Егејско Море.

Како што јавија грчките медиуми, при инцидентот потешко се повредени уште две други деца.

Се смета дека пожарот избувнал во еден од шаторите каде што 66-годишната жена се обидела да готви на плинска боца.

На кампот во близина на градот Морија се нанесени сериозни штети и таму сè уште работат противпожарните служби и се врши истрага за причините.

По инцидентот во кампот дошло до судири меѓу емигрантите и полицијата. Повредени се шест лица.

Во моментов на островот Лезбос се наоѓаат околу 6.000 емигранти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top