Вчера во 15.40 часот телефонски во ПС Штип се јавил лекар од Гинеколошкото одделение при Клиничката болница во Штип и пријавил дека на наведеното одделение за време на породување починало непознато женско лице.
Полициски службеници излегле на местото на настанот при што било констатирано дека се работи за Н.К.Б. (26) од Штип.
Од извршениот разговор со конзилиум на доктори при Клиничката болница од Штип констатирано е дека сега починатата со упат од матичниот гинеколог, најпрво, била примена на Инфективното одделение, каде што здравствената состојба ѝ се влошила, по што била префрлена на Акушерското одделение, по што состојбата уште повеќе ѝ се влошила и починала. По извршената реанимација, откако К.Б. починала, бил направен обид со царски рез да се спаси бебето, но истиот останал безуспешен. Било извадено мртво новороденче.
По наредба на јавен обвинител, телата биле предадени на обдукција.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Видео од кое заледува крв: Поп го испушта бебето од раце сред крштевка
-
Лора и Филип го чекаат своето прво дете: Сузана Турунџиева не го откри полот на бебето
-
Ако сте родиле машко бебе имате поголема шасна да страдате од постпородилна депресија
-
Секунда до трагедија: Бебе летна од рацете на мајка си кога до нив експлодирала гума (видео)