Кога естрадата прави домашна слава, тоа мора да биде на големо, во секоја смисла на зборот – од изобилство на храна и пијалок, преку многубројни гости, до забава која трае до раните утрински часови.
Така е секоја година на 21 ноември во домот на семејството Живоиновиќ!
Газдарицата на куќата Лепа Брена и оваа година сериозно ја сфатила улогата на домаќинка на денот Свети Архангел Михаил, па решила гостите да ги угости на најдобар можен начин.
Брена лично ги засукала ракавите и се фрлила на подготвка на славата, за што свиткала дури 500 сарми, а во сето тоа и помогнале нејзините синови Виктор и Стефан, како и сопругот Боба Живоиновиќ. Стефан се пофалил со фотографии на својот Инстаграм профил, на кои се гледа дека тој со татко му подготвува јадење за слава, а оваа глетка наиде на општо одушевување на неговите следбеници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.