| четврток, 6 декември 2018 |

Червар: Мечот со Вардар доаѓа во незгоден момент за нас

Lino-Cervar-sport195-5

Македонскиот ракометен вицепрвак, Металург, забележи голема победа во Лигата на шампионите против Елверум, меѓутоа сега за момците на Лино Червар следува нов испит – дерби со локалниот ривал и актуелен првак во македонското првенство, Вардар.

Автокомандосите се распукаа во Норвешка и победија на гостински терен во Европа по повеќе од две години. Червар е задоволен од тој дуел, но вели дека мечот против Вардар за неговиот млад тим доаѓа во незгоден момент.

– Натпреварот против Вардар ни доаѓа во незгоден момент. Пред два дена имавме тежок меч во Норвешка против Елверум во кој моите ракометари се исцрпија. Но, како и да е, ова дерби има големо минато и секогаш е интересно за љубителите на ракометот во Македонија. Вардар е апсолутен фаворит на овој натпревар, моите млади ракометари ќе мора да дадат сѐ од себе ако сакаат да се надигруваат со македонскиот првак – изјави Червар.

Мечот меѓу Вардар и Металург се игра од 17.45 часот во СЦ „Јане Сандански“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top