| четврток, 6 декември 2018 |

Прв триумф на Металург во Лигата на шампиони

Ракометарите на Металург го остварија првиот триумф во елитната Лига на шампион.

Во натпревар од шестото коло на Лигата на шампиони, одигран попладнево во СЦ „Борис Трајковски, ракометарите на Металург го совладаа Чеховски Медведи  со 25:24 полувреме 16:10.

Во првиот дел рамноправно се играше до 14.минута кога резултатот беше израмнет 8:9, по што до крајот на полувремето Металург постигна седум, а прими само два гола, па на одмор избраниците на Брестовац заминаа со шест гола предност 16:10.

Таквата предност се покажа како решавачка, иако гостите во неколку наврати во вториот дел намалија на два, а во последната минута и на еден  негатива. Го имаа русите и последниот напад, со можност за израмнување, но не го искористија. Така на крајот тимот од Автокоманда со конечни 25:24 можеше да се радува на првата победа сезонава во елитното натпреварување.

Најефикасен со пет голови во редовите на Металург беше Димитар Димитровски, додека Мартин Серафимов, Александер Спенде и Анте Токиќ постигнаа по четири, а Гонсало Рибеиро беше стрелец на три.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top