Делегацијата на ПССЕ, во пресрет на предвремените парламентарни избори, закажани за 11 декември 2016 година, е предводена од австрискиот пратеник Стефан Шенах.
На средбата, како што се наведува во соопштението на МНР, биле разменети мислења за престојните избори и очекувањата од нив. Биле изразени очекувања за добар изборен процес и била истакната важноста од спроведување фер и демократски избори.
Попоски, како што се наведува, ги повторил позитивните искуства од надзорот на бројни изборни циклуси во минатото од страна на релевантните меѓународни организации и во овој контекст ја истакнал и улогата на Парламентарното собрание на Советот на Европа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.