Холивудската двојка, сепак, нема да се разведува, бидејќи го очекуваат своето четврто бебе, пишуваат денеска американските медиуми. Наводно, Бен Афлек и Џенифер Гарнер ги закопале секирите, одлучиле да не се разведат, оти го чекаат своето четврто дете, пишува „Рејдар Онлајн“.
– Џенифер е посреќна од кога било. Таа не ни сакаше развод, туку само пожелуваше Бен да прекине со опивањето и забавите и да се посвети на семејството. Со ова бебе се би можело да се среди, изјавил неименуван извор за порталот.
Двојката досега има три деца, две ќерки и еден син: Вајолет (10), Серафина (7) и Самуел (4).
Во јуни, по десет години брак, сопружниците најавија развод. А, како причина беше наведено непримерното однесување на Афлек.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Видео од кое заледува крв: Поп го испушта бебето од раце сред крштевка
-
Лора и Филип го чекаат своето прво дете: Сузана Турунџиева не го откри полот на бебето
-
Ако сте родиле машко бебе имате поголема шасна да страдате од постпородилна депресија
-
Секунда до трагедија: Бебе летна од рацете на мајка си кога до нив експлодирала гума (видео)