| четврток, 6 декември 2018 |

Фестивал „Вардар филм прикажува македонски филмски класици” вторпат во „Синеплекс“

Четири исклучително важни играни и пет документарни филмови кои беа создадени под логото на „Вардар филм” ќе бидат прикажани на второто издание на Фестивалот „Вардар филм прикажува македонски филмски класици” кој ќе се одржи од 21 до 25 ноември во киното „Синеплекс“ во Скопје.

Станува збор за дел од најзначајните филмски остварувања создавани во најдобрите и најплодните години на продуцентската куќа „Вардар филм” од 1950 до 1997 година.

Љубителите на седмата уметност ќе може да ги  видат класицте: „Фросина“ (1952) во режија Нановиќ Воислав; „Каде по дождот“ (1967) во режија на ВладанСлијепчевиќ ; „Џипси Меџик“ (1997) во режија на Столе Попов;  „Виза на злото“ (1959) во режија на Штиглиц Франце и документарните филмови: „Дае“ (1979) во режија на Столе Попов; „Пула 1956“ (1956) во режија на Славко Јаневски; „Радосно детство“ (1950) во режија на Благоја Дрнков; „Тенда“ (1955) во режија на Ацо Петровски, „Охрид“ (1954) во режија на Киро Билбиловски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top