| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе се реконструира објектот на „Вардар филм Македонија“

Деновиве беше распишан огласот за избор на субјект што ќе ја ревидира проектната документација за изведба на тонско студио и на простории за филмскиот центар „Вардар филм Македонија“, лоциран непосредно до Градскиот парк, кој го наследи објектот заедно со славата на некогашната култна филмска установа од поранешна Југославија.

Vardar_Film_628x353

Проектот веќе е изработен од архитектонското биро „Лоу тек“, кое на него работеше во изминативе неколку месеци. Со претстојната ревизија на документацијата за ентериерно обликување и опремување на просторот ќе бидат создадени сите предуслови за почнување на реконструктивниот зафат.

Со претстојната интервенција ќе се обноват 570 квадратни метри од објектот, кои ќе прераснат во простории за продукција на филмови. Меѓу нив, предвидено е да се реновира и тонското студио за постпродукција на звук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top