| четврток, 6 декември 2018 |

Филмската ревија „Македонски филмски класици“ низ Македонија

Филмската ревија со наслов „Македонски филмски класици“, како дел од наследството на „Вардар филм“, по прикажувањето во текот на октомври во киното „Синеплекс“ во Скопје, ќе биде прикажана и во 12 градови низ Република Македонија.

Vardar_Film_628x353

Филмскиот центар „Вардар филм – Македонија“, покрај својата основна дејност, обезбедување техничка поддршка за филмските продукции, интензивно и посветено работи и на развојот и промовирањето на македонската филмска уметност.

Љубителите на седмата уметност во 12 македонски градови ќе може да ги видат класиците: „Хај – Фај“ во режија на Владимир Блажевски (снимен 1987); „Три Ани“ во режија на Бранко Бауер (1959); „Среќна Нова ’49“ во режија на Столе Попов (1986); „Планината на Гневот“ во режија на Љубиша Георгиевски (1968) и „Тетовирање“ во режија на Столе Попов (1991).

unnamed (2)

– Националната установа Филмски центар ’Вардар филм – Македонија‘, како наследник на името „Вардар филм‘ постои веќе две години. Познато е дека ’Вардар филм‘ како филмска продуцентска куќа постои речиси пет децении и во нејзина продукција се снимени речиси сите значајни македонски филмски дела, и анимирани и документарни и играни. Со ревијата сакаме да прикажеме барем еден мал дел од македонското филмско наследство – вели Димо Попов, директор на „Вардар филм – Македонија“.

unnamed (3)

Филмската ревија „Македонски филмски класици“ ќе биде прикажана според следниот распоред во градовите Делчево (10-15.11.2015), Битола (16-22.11.2015), Охрид (09- 13.11.2015), Струмица (16-19.11.2015), Неготино (09-13.11.2015), Гостивар (04- 10.11.2015), Кичево (02-06.11.2015), Струга (09-13.11.2015), Крива Паланка (09 13.11.2015), Прилеп (18-22.11.2015), Македонски Брод (16-20.11.2015) и Дебар (09. 13.11.2015).

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top