| четврток, 6 декември 2018 |

Грејс Кели – икона со убавина на извајана Венера

Ед­на од нај­до­бри­те де­фи­ни­ции на по­и­мот „мод­на ико­на“ ве­ли де­ка тоа е лич­ност ко­ја ус­пе­ва да соз­да­де си­нер­ги­ја ме­ѓу лич­но­ста, те­ло­то и вре­ме­то во кое жи­вее. А, кој би мо­жел да го сим­бо­ли­зи­ра тој тер­мин по­до­бро од Грејс Ке­ли, филм­ска­та кра­ли­ца на Хо­ли­вуд, прин­це­за­та од Мо­на­ко и до­бит­нич­ка на „Оскар“. Неј­зи­на­та уба­ви­на и стил и де­нес се инс­пи­ра­ци­ја за мно­гу же­ни, но и ди­зај­не­ри. Во ед­на при­го­да слав­ни­от ди­зај­нер Карл Ла­гер­фелд из­ја­ви: „Ни­кој не мо­же да изг­ле­да ка­ко Грејс Ке­ли, таа бе­ше нај­у­ба­ва­та ру­со­ко­са на сво­е­то вре­ме“, но и ќе до­да­де де­ка е си­гу­рен ако бе­ше жи­ва де­нес, на 80 го­ди­ни, ќе бе­ше не­о­до­ли­ва. Ла­гер­фелд во неа го ви­де тоа што мно­гу дру­ги ќе го во­о­чат мно­гу по­доц­на ко­га неј­зи­на­та филм­ска ка­ри­е­ра ќе за­вр­ши. Тој ја пре­поз­на неј­зи­на­та при­род­ност, но и со­вр­ше­но­ста на жен­ска­та фи­гу­ра оли­це­тво­ре­на во неа. Всуш­ност, ја истак­ну­ва­ше неј­зи­на­та не­мин­ли­ва и вон­вре­мен­ска уба­ви­на, при што ве­ру­ва­ше де­ка та­ква со­вр­ше­ност мо­же да ста­рее до­бро. Мо­же са­мо да се кон­ста­ти­ра де­ка пре­у­ба­во­то ли­це, рас­кош­но­то те­ло и ка­ди­фе­ни­от глас ѝ беа да­де­ни од бо­га. Ка­ко та­ква, бе­ше пре­до­дре­де­на да ста­не ѕвез­да. Се­пак, мо­же­би нај­до­бро ја поз­на­ва­ше Хич­кок, кој, всуш­ност, е нај­зас­лу­жен што таа ста­на филм­ска ѕвез­да и ико­на на сти­лот. Таа бе­ше не­го­ва му­за, за ко­ја тој ве­ле­ше де­ка е ка­ко вул­кан под снег. Ѝ до­де­ли три глав­ни уло­ги во не­го­ви­те фил­мо­ви, во кои Грејс зра­чи со ле­де­на, ари­сто­крат­ска уба­ви­на, под ко­ја, се­пак, се на­се­ту­ва не­што топ­ло. Мо­же­би ток­му тој спој на оган и на лед е зас­лу­жен за тоа што за пет го­ди­ни филм­ска ка­ри­е­ра таа сни­ми 11 фил­ма, ста­на филм­ска ико­на, освои „Оскар“, а неј­зи­на­та пос­лед­на жи­вот­на уло­га на прин­це­за ја про­мо­ви­ра­ше во мит. Хич­кок не са­мо што од неа соз­да­де филм­ска ѕвез­да, ту­ку во неа нај­де и иде­ал­на же­на, ко­ја пре­ку де­нот е ан­гел, а на­ве­чер во спал­на­та се пре­тво­ра во ог­не­на и страс­тве­на парт­нер­ка. Пре­ку ден бе­ше Ар­те­ми­да, бо­жи­ца на ло­вот, а во но­ќта Афро­ди­та, бо­жи­ца на љу­бо­вта. По си­те неј­зи­ни филм­ски уло­ги, неа ја пер­ци­пи­ра­ме пре­ку неј­зи­на­та за­га­доч­ност и спо­соб­ност да пре­диз­ви­ка оче­ку­ва­ња и на­деж. Кај Грејс сек­с­у­ал­но­ста не бе­ше екс­по­ни­ра­на на ли­це­то, ка­ко кај Ме­ри­лин Мо­нро, ту­ку таа ја по­се­ду­ва­ше од­на­тре во сво­јот дух. Ка­ко и да е, ре­тка­та уба­ви­на, за­чу­ду­вач­ка­та лад­но­крв­ност во ком­би­на­ци­ја со тоа што Хич­кок го на­ре­ку­ва­ше се­ксу­ал­на еле­ган­ци­ја ја вив­на Грејс Ке­ли во, за мно­гу­ми­на, не­до­фат­ли­ви­от хо­ли­вуд­ски пан­те­он. Ток­му за­тоа Грејс Ке­ли бе­ше филм­ска ѕвез­да ко­ја са­мо ја жи­ве­е­ше сво­ја­та бај­ка, но и ико­на на сти­лот обо­жа­ва­на од ми­ли­о­ни след­бе­ни­ци. Поз­на­та е по бли­ска­та со­ра­бо­тка со ре­жи­се­ри­те и со ко­сти­мо­гра­фи­те за раз­ра­бо­тка на об­ле­ка­та за уло­ги­те во фил­мо­ви­те. Поз­на­та е неј­зи­на­та из­ја­ва де­ка е важ­но пр­во да се ви­де лич­но­ста, а по­тоа об­ле­ка­та што ја но­си. Не­по­би­тен факт е де­ка би­ла свес­на за се­кој де­таљ од сво­ја­та по­ја­ва. Неј­зи­ни­от без­вре­мен­ски и еле­ган­тен изг­лед ги одре­ду­ва­ше трен­до­ви­те и сти­лот на 50-ти­те го­ди­ни од 20 век, а фил­мо­ви­те во кои игра­ше ста­наа и оста­наа мод­ни ре­фе­рен­ции на пре­фи­не­та­та ера на суп­тил­ни­от гла­мур. Нај­зас­луж­ни за неј­зи­ни­от пер­фе­ктен изг­лед беа мод­ни­те ку­ќи „Ди­ор“, „Ша­нел“ и „Ба­лан­ци­ја­га“.

grace-kelly-1

Мод­ни­те де­та­ли на ико­на­та

Грејс Ке­ли Грејс Ке­ли е нај­до­бар при­мер и до­каз де­ка бај­ки­те на­ви­сти­на по­сто­јат, а сни­шта­та се ос­тва­ру­ва­ат. Без раз­ли­ка да­ли глу­ме­ше во филм, да­ли оде­ше на едре­ње или при­ма­ше др­жав­ни­ци ка­ко прин­це­за на Мо­на­ко, таа во­о­ду­ше­ву­ва­ше со све­жи­на­та на ду­хот и со со­фи­сти­ци­ра­ни­от изг­лед, кои ги на­до­пол­ну­ва­ше со би­се­ри, дол­ги здол­ни­шта, шап­ки, ни­ски чев­ли. Бе­ше пре­поз­нат­ли­ва по ед­но­став­ни­те џем­пе­ри, а чан­та­та на „хер­мес“ е на­ре­че­на по неа. Овие мод­ни до­да­то­ци по­ра­ди неа ста­наа атра­ктив­ни во 50-ти­те го­ди­ни од ми­на­ти­от век. Ед­но­став­но бе­ше актер­ка со ари­сто­крат­ски ма­ни­ри, ко­ја има­ше пор­це­лан­ски тен на ли­це­то. Играј­ќи глав­ни уло­ги во фил­мо­ви­те „Ви­со­ко оп­штес­тво“, „Ка­ко да се фа­ти кра­де­цот“ и „Ле­бед“, во­ста­но­ви лик на лад­на ру­со­ко­са со би­стар пог­лед, чи­ја­што по­тис­на­та и кон­тро­ли­ра­на се­ксу­ал­ност бе­ше вид­ли­ва са­мо под по­вр­ши­на­та на неј­зи­на­та ле­де­на над­во­реш­ност. Ра­ка­ви­ци­те, нај­че­сто бе­ли, беа неј­зи­ни­от нај­о­ми­лен мо­ден до­да­ток. Ги но­се­ше ка­ко актер­ка во фил­мо­ви­те во кои на­ста­пу­ва­ше, на за­ба­ви­те во Хо­ли­вуд, ко­га да­ва­ше ин­терв­јуа и на вен­ча­вка­та со прин­цот Ре­ние, ко­га ста­на прин­це­за. Бе­ше и оста­на ико­на на мод­ни­от стил. Де­нес во САД сѐ уште, ме­ѓу ти­неј­џер­ки­те, се ко­ри­сти изра­зот „изг­лед ка­ко Грејс Ке­ли“. Што да ка­жам за тој изг­лед, а ве­ќе да не е ка­жа­но? Де­ка е ед­но­ста­вен, кла­си­чен, а та­ка дра­ма­ти­чен.

Има­ше жи­вот и филм­ска ка­ри­е­ра вред­ни за пи­шу­ва­ње ро­ман и сни­ма­ње филм. Актер­ка и прин­це­за. Зра­че­ше со кла­сич­на уба­ви­на, а еле­ган­ци­ја­та ѝ бе­ше по­себ­на, до­то­гаш не­ви­де­на кла­са. Ка­ко актер­ка, го освои све­тот со уба­ви­на, а по ро­ман­са­та со прин­цот Ре­ние од Мо­на­ко ста­на са­ка­на и по­чи­ту­ва­на прин­це­за. Актер­ка со чист аме­ри­кан­ски стил. Ко­га дој­де во Евро­па, та­кви­от стил го об­ла­го­ро­ди со гла­мур, чи­и­што од­ли­ки беа женс­тве­ност, еле­ган­ци­ја, удоб­ност, лу­ксуз, плус се­кса­пил, ро­ман­ти­ка и шик. Ќе се сог­ла­си­те, таа е ви­стин­ски гла­мур. Та­ка таа ста­на ед­на од пр­ви­те ви­стин­ски и најг­ла­му­роз­ни мод­ни ико­ни во све­тот. Таа бе­ше нај­у­ба­ва, нај­е­ле­гант­на и нај­гра­ци­оз­на – прин­це­за на сво­е­то вре­ме и на си­те вре­ми­ња. Ни­кој не бе­ше рам­но­ду­шен кон неј­зи­на­та уба­ви­на. Хо­ли­вуд, САД, Евро­па и це­ли­от свет. Си­те се вос­хи­ту­ваа на неј­зи­ни­те пре­у­ба­ви очи, би­стар пог­лед и на пре­крас­но­то ли­це со уба­ви­на на из­ва­ја­на Ве­не­ра. Грејс Ке­ли бе­ше ви­стин­ска да­ма, со до­бар вкус. Неј­зи­ни­те екск­лу­зив­ни фу­ста­ни изра­бо­те­ни од нај­поз­на­ти мод­ни кре­а­то­ри беа одраз на неј­зи­ни­от осо­бен стил и шарм со кој го освои сво­јот принц, но и ар­ми­ја­та обо­жа­ва­те­ли. А, ток­му тоа ѝ тре­ба де­нес на со­вре­ме­на­та же­на. Во­оп­што не е слу­чај­но што но­ва­та мо­да де­нес и се вра­ќа на таа ком­би­на­ци­ја. Има­ше мно­гу свет­ли мо­мен­ти во жи­во­тот и во ка­ри­е­ра­та, но два се не­за­бо­рав­ни. Пр­ви­от е де­ка прин­це­за­та Грејс од Мо­на­ко ќе оста­не за­па­ме­те­на по со­фи­сти­ци­ра­ни­от не­ве­стин­ски фу­стан од тан­те­ла што го но­се­ше на вен­ча­вка­та со прин­цот Ре­ние од Мо­на­ко, а вто­ри­от е ка­да­рот од фил­мот „Про­зо­рец во дво­рот“ ко­га на збу­не­ти­от Џејмс Стју­ард му со­оп­шту­ва де­ка но­ќта ќе ја по­ми­не со не­го. До­кол­ку по­стои мо­мент во ки­не­ма­то­гра­фи­ја­та што би мо­жел да нè уве­ри што зна­чи ед­на же­на да би­де еле­гант­на, пре­крас­на, шик, бес­пре­кор­но об­ле­че­на и не­ве­ро­јат­но се­кси, тоа, ве­ро­јат­но, би бил тој ка­дар од фил­мот. Не­кои ве­лат де­ка би­ла не­вер­на и раз­врат­на би­деј­ќи има­ше љу­бов­ни вр­ски со без­мал­ку си­те неј­зи­ни парт­не­ри (со Га­ри Ку­пер во „Точ­но нап­лад­не“, со Клерк Гејбл во „Мо­гам­бо“, со Ви­ли­јам Хол­ден во „Мо­сто­ви­те на То­ки Ри“, со Ке­ри Грант во „Фа­те­те го кра­де­цот“, со Френк Си­на­тра во „Ви­со­ко оп­штес­тво“), а ѝ ги до­да­ва­ат и шар­ме­рот Мар­лон Бран­до, ми­ли­о­не­рот Ха­у­ард Хјуз и прин­цот Али Кан. Не, таа ни­ко­го не из­не­ве­ри, ту­ку са­мо го ба­ра­ше ви­стин­ски­от маж. Нај­го­ле­мо­то не­верс­тво го на­пра­ви во мо­мен­тот ко­га се отка­жа од фил­мот. Ста­на прин­це­за, но ја за­гу­би сло­бо­да­та, го за­гу­би све­тот во кој су­ве­ре­но вла­де­е­ше. Ко­га би­ло да ја ви­дам на те­ле­ви­зи­ја во не­кој филм или до­ку­мен­та­рец, се­ко­гаш ми до­а­ѓа­ат збо­ро­ви­те на Ке­ри Грант, „таа но­си мир, ве­дри­на и свет­лост, и глу­ми ка­ко што тан­цу­ва Фред Астер“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top