Според пишувањата на италијанските медиуми, новиот тренер на Интер, Стефано Пиоли, од раководството на клубот побарал во зимскиот преоден рок да му обезбедат неколку засилувања, а четворица од играчите кои ќе бидат цел се членови на Манчестер јунајтед.
Италијанскиот бек Матео Дармијан веќе извесно време се поврзува со Интер, а освен него, тимот од Милано ќе тргне и по Мемфис Депај, Дејли Блинд и дефанзивецот Крис Смолинг.
Ниту еден од четворицата нема забележителна улога во тимот на Мурињо, а, според најавите од Манчестер, барем двајца од нив со сигурност ќе си заминат од тимот. Останува само да се види дали ќе завршат во Интер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.