Во вчерашното гостување кај ВБА, екипата на Манчестер Јунајтед оствари победа од 1-2, но остана и без својот капитен, десниот бек Антонио Валенсија, кој заработи повреда во второто полувреме.
Според докторски прегледи, повредата е на мускулната ложа во задната регија и се очекува негово враќање кон крајот на јануари. Ова е уште еден проблем за Мурињо, кој ќе треба да најде решение за десната бековска позиција, а шанса на местото на Валенсија најверојатно ќе добие италијанецот Матео Дармиан.
Претходно, се повреди и централниот дефанзивец Ерик Бејли кој ќе паузира околу три месеци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.