| четврток, 6 декември 2018 |

Крај на надежите Трајковски да настапува за Македонија, во петокот дебитираше за Словенија

dejan-trajkovski

Дејан Трајковски, фудбалерот со македонски корени кој е роден во Словенија повеќе нема право да игра за нашата репрзентација.

Левиот бек на Твенте во петочниот натпревар дебитираше за словенечката репрезентација и официјално стави до знаење за кој национален тим ќе игра во иднина. Младиот фудбалер беше на разговори во Македонија, но никогаш не го облече црвено-жолтиот дрес.

Затоа, ситуацијата реши да ја искористи Среќко Катанец, кој му даде повик за квалификацискиот дуел против Малта и да го вметне во стартниот состав уште од првата минута. Трајковски на дуелот кој Словенија го доби со 1-0 одигра 63 минути.

Трајковски влече македонско потекло по неговиот татко, кој е од Куманово. Има и брат, Тадеј Трајковски, кој настапува на голманската позиција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top