Шпанскиот селектор Хулен Лопетеги ги разрешил сите дилеми околу единаесетте фудалери кои ќе го стартуваат вечерашниот натпревар против Македонија. Весникот „Марка“ објави дека одлуката е донесена по вчерашниот тренинг во Гранада, а во составот нема преголемо изненадувања.
Де Хеа ќе ја чува мрежата на „црвената фурија“ од Пандев, Несторовски и останатите македонски репрезентативци. Одбраната е „крпена“ со оглед на отсуството на Рамос, Пике и на Алба, па така централни дефанзивци ќе бидат Начо и Бартра, десен бек ќе биде Дани Карвахал од Реал, а лево ќе игра Начо Монреал од Арсенал.
Серхио Бускетс ќе раководи со среднио ред, веднаш до него ќе се најде Коке од редовите на Атлетико Мадрид. Поблизу до македонскиот гол ќе играат Тијаго, Давид Силва и Витоло, а задолжен за голови ќе биде Алваро Мората, кој добива шанса во ситуација кога повреден е Диего Коста.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.