| четврток, 6 декември 2018 |

Вечерва навиваме за Македонија: Дуелот на „црвената фурија“ и „црвено-жолитите“ започнува во 20.45 часот

Македонската фудбалска репрезентација вечерва против фаворитот Шпанија ќе се обиде да направи изненадување и за првпат да остане непоразена во квалификациите за Светското првенство 2018.
Селекторот Игор Ангеловски истакна дека верува во тимот и се надева на добра игра.
Верувам во фудбалерите, ние имаме свои цели и се надевам дека по мечот тие ќе бидат остварени. Формациски нема да се менува ништо во нашата игра, но можни се неколку персонални измени, голман и уште две. Имаме можеби најмлада репрезентација, но тоа не ме плаши, верувам во младите и сигурно некој од нив ќе добие шанса. Во фудбалот битни се поединците, но најбитен е тимот, мора да играме тимски, само така можеме да им се спротивставиме на Шпанците. Можеби мал хендикеп за нив е што не играат некои од стандардните играчи, но тоа не мора да биде пресудно, бидејќи имаат широк избор на квалитетни фудбалери, истакна Ангеловски.
Натпреварот Шпанија – Македонија е во рамките на 4.коло од групата Г и ќе се игра вечерва од 20 часот и 45 минути на „Лос Карменес“ во Гранада. Во истиот термин од оваа група се среќаваат: Лихтенштајн – Италија и Албанија – Израел.
Табела по три рунди: Шпанија 7 бодови, Италија 7, Албанија 6, Израел 6, Македонија 0, Лихтенштајн 0.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top