Напаѓачот на Шпанија, Диего Коста, и дефинитивно нема да патува со остатокот од репрезентацијата во Гранада, за пресметката со Македонија.
Иако денеска тој го одработи тренингот, сепак нема да биде во комбинација за овој натпревар. Таква е одлуката на селекторот Хулен Лопетеги кој реши да го изостави фудбалерот на Челси, а на негово место е повикан напаѓачот на Селта Виго, Јаго Аспас.
Диего Коста поради проблеми со мускулот ќе го пропушти натпреварот со нашата репрезентација, а се очекува да биде подготвен за пријателскиот дуел со Англија, на 15. ноември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.