| четврток, 6 декември 2018 |

Ангеловски: Фудбалерите имаат голема самодоверба пред мечот со Шпанија

igor angelovski

Македонската фудбалска репрезентација веќе започна со подготовките за натпреварот против Шпанија кој ќе се одигра претстојната сабота (12. номеври) во рамки на квалификациите за СП 2018. По неколку одржани тренинзи во Скопје, предводникот на националниот состав Игор Ангеловски вели дека е задоволен од своите избраници, особено од напаѓачите кои се полни со самодоверба во пресрет на саботниот дуел.

– Радува тоа што играчите се посветени на тренинзите и без проблем ги одработуваат добиените задачи. Капитенот Пандев доби мала поштеда на вчерашниот тренинг, но со Горан сѐ е во ред, ќе биде подготвен за натпреварот. Како селектор на репрезентацијата морам да водам грижа за здравјето на фудбалерите и нивната натпреварувачка форма, без оглед за кого се работи. Противникот има континуитет, препознатлива игра, многу се агресивни и компактни. Реков дека треба да бидеме можеби на повисоко ниво во играта во однос на мечот со Италија, верувам дека имаме сила и желба да бидеме добри и на дуелот во Гранада, Исто така, позитивно е што напаѓачите се ефикасни и даваат голови, тоа секако придонесува за нивната самодоверба. Фудбалерите се во добра ситуација, а до натпреварот ќе одлучиме за почетната постава – изјави селекторот Ангеловски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top