Италијанскиот стручњак Стефано Пиоли е наименуван за нов тренер на миланскиот калчолигаш Интер, соопшти клубот. Тој потпиша договор со траење до 30.јуни 2018 година.
Пиоли на клупата на Интер ќе го замени холандскиот тренер Франк де Бур.
Пиоли има 51 година, а како тренер почна да работи во 1999 година со младиот тим на Болоња и во својата кариера бил тренер на Парма, Пјаченца, Сасуоло, Киево, Палермо, Болоња и Лацио (последните две години). Со Лацио постигна 44 победи на 91 натпревар.
Интер во моментов се наоѓа на деветото место на табелата во Серија А со 17 бодови, 13 помалку од лидерот Јувентус. Во Лига Европа е на последното место во групата К.
Своето деби на клупата на Интер Пиоки ќе го има во дуелот со градскиот ривал Милан на 20 ноември
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.