Дали ви се верува дека ова симпатично детенце е родено со црно-бела коса?Но не е само таа! 18-месечната Милиана е четврта генерација женски деца што се раѓаат со огромен бел прамен над челото.
Сличен, само малку помал прамен, имаат нејзината мајка, 23-годишната Брајана Ворти, 41-годишната баба Џенифер и 59-годишната прабаба Џоан.
-Не сме сигурни колку генерации наназад женските деца ја имаат истата оваа трага. Знаеме за нас 4, бидејќи мојата баба е посвоена, па никогаш не ги запознала своите биолошки родители. Се надевам дека и ќерката на мојата Милиана ќе има иста ваква коса – гордо изјавила мајката на девојчето.
Таа вели дека често ја запираат на улица, како и дека повеќето луѓе се одушевени од изгледот на нејзината ќерка. Меѓутоа раскажува дека во детството имала проблеми со другите деца, кои ја нарекувале твор.
-Планирам да ја одгледувам ќерка ми во уверување дека е убава и посебна и да ја научам да не ги слуша злонамерните деца – заклучила Брајана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Видео од кое заледува крв: Поп го испушта бебето од раце сред крштевка
-
Лора и Филип го чекаат своето прво дете: Сузана Турунџиева не го откри полот на бебето
-
Ако сте родиле машко бебе имате поголема шасна да страдате од постпородилна депресија
-
Секунда до трагедија: Бебе летна од рацете на мајка си кога до нив експлодирала гума (видео)