Германскиот играч за врска, Бастијан Швајнштајгер долго време беше во немилост на Жозе Мурињо, но очајните резултати на „црвените ѓаволи“ го принудија португалскиот стратег да го врати Швајни во тимот. Тој од вчера тренира со прввиот тим на Ман.Јунајтед, а по првиот тренинг по долгата пауза, Германецот истакна дека е пресреќен поради враќањето и дека ќе се докаже во тимот, кој според него може да ја надмине резултатската криза.
– Чувството денес беше одлично. Тимот е добро подготвен, а резултатите многу брзо ќе пристигнат, изјавил 32- годишниот Швајнштајгер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.