Јамајканскиот спринтер Усeин Болт, поради повредата на здобиена на Светското првенство во Лондон, нема да „дебитира“ за Манчестер јунајтед, на пријателскиот меч со легендите на Барселона. Болт не крие дека е голем фан на „ѓаволите”, а управата на клубот го покани како специјален гостин да настапи на спектаклот на „Олд Трафорд” каде силите ќе ги одмерат легендите на Јунајтед и Барселона. Сепак, лекарските прегледи покажале дека повредата на мускулот е многу сериозна.
– За жал, станува збор за кинење на мускулот, по што ми е забранета било каква спортска активност во следните три месеци. Разочарувањето е големо, бидејќи нема да можам ниту да го облечам дресот на Манчестер Јунајтед, истакна Болт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.