| четврток, 6 декември 2018 |

Хуан Мата: Во Скопје доаѓаме по трофејот

Манчестер јунајтед ќе се сретне со Реал Мадрид денеска во 23 часот во пријателски меч во САД, но оној позначајниот дуел помеѓу нив е на 8. август во Суперкупот во Скопје.

Хуан Мата вечерва очекува одличен дуел со Реал Мадрид за американската публика, но вели дека она за што тимот размислува повеќе е дуелот во Скопје.

– Секогаш е добро кога играш против тимови како Реал Мадрид. Тие имаа фантастична сезона. Имаат одличен тим и ќе биде добро за двата тима и за американските фанови, се надевам дека ќе имаме одличен натпревар, вели Мата пред пријателскиот дуел.

Запрашан за Суперкупот во Скопје, Мата одговорил: Во моментов размислуваме на него. Се обидуваме за тој меч да бидеме во најдобра форма во која можеме, физички и ментално, затоа тренираме напорно во оваа претсезона. Суперкупот е во нашите мисли и ќе се обидеме од Скопје да донесеме уште еден трофеј во нашата витрина, се надеваме дека ќе одиграме на најдобро ниво, завршил тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top