Додека медиумите од соседството на големо пишуваат дека Ана Ивановиќ и нејзиниот сопруг Бастијан Швајнштајгер очекуваат принова, парот деновиве стигнал во Белград. Откако вчера биле на вечера со семејството на Ана, таа си заминала дома со своите родители, а германскиот фудбалер се упатил во белградските ноќни клубови со нејзиниот брат Милош.
– Голем број од присутните во клубот беа изненадени од тоа колку беше тој отворен и достапен за сите кои сакаа да се сликаат со него, а колку што забележав, подели и доста автограми. Воопшто не глумеше ѕвезда, а обезбедувањето беше во негова близина цело време, па дури и го пратеше до тоалетот, изјавил еден од вработените во клубот каде синоќа бил гостин Швајнштајгер.
– Беше одлично расположен и секако дека остави бакшиш. Испија неколку шишиња пијалок, испушија неколку пури, ништо претерано. Бастијан не дозволи никој да плати од оние што беа со него на масата, а се на се сметката им беше околу 500 евра, додал тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Во галеријата на Куќата на Ѓура Јакшиќ во Белград отворена изложба на теракотните икони од Виница
-
Трагедија во Белград: Трамвај излета од шини, еден загинат
-
Во Белград гласаат 24 македонски државјани, третина излегле до 12 часот
-
Амнестија за периодот на војната, дел од договорот меѓу Косово и Србија