По големото манчестерско дерби кое вчера се одигра на „Олд Трафорд“ во кое Сити го победи (2-1) Манчестер Јунајтед дошло до инцидент во соблекувалните во кој учествувал Жозе Мурињо.
Бетиранските медиуми јавуваат дека „граѓаните“ прегласно во својата соблекувална ја прославувале победата, се слушнала и музика, по што Мурињо се обидел да ги смири страстите барајќи да се испочитува неговата екипа.
При тоа настанала жестока вербална расправија меѓу тренерот на Јунајтед и голамнот на Сити, Едерсон по што се вмешале и други играчи. Во инцидентот Мурињо бил испрскан со вода и млеко, додека помошник-тренерот на Сити, Микел Артета добил расекотина на лицето.
Се очекува за случувањата извештај да поднесе делегатот или другите службени лица, а потоа и реакција од федерацијата (ФА).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Неверојатна статистика: Манчестер Сити со 902 успешни додавања на мечот против Челси
-
Манчестер Сити по победата над Челси на чекор до титулата во Англија
-
Остри критики кон Мурињо: Ако има доволно пари, нема потреба повеќе да пречи, нека се откаже
-
Мурињо: Тоа не беше казна, не е страшно ако Погба еден натпревар е на клупа