Неименувана пациентка се здобила со тешки изгореници за време на операција. Имено, несреќната девојка за време на зафатот „пуштила ветар“, кој предизвикал пожар во салата, пренесува јапонскиот весник Асахи Шимбун.
Инцидентот се случил во Болницата на Медицинскиот Универзитет во Токио во април, а резултатите на истрагата објавена пред неколку дена откриле дека кобен бил спојот на гасот од нејзиното тело и ласерот со помош на кој докторите го изведувале хуруршкиот зафат.
Пламенот го зафатил хируршкото платно со кое бил покриена пациентката, поради што се здобила со тешки изгореници по речиси целото тело.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.