| четврток, 6 декември 2018 |

Конте жали што прерано потпишал за Челси и ги изненади сите

Менаџерот на Челси 47-годишниот италијански тренер Антонио Конте, даде изненадувачка изјава во врска со договорот со Челзи. Поранешниот фудбалер на Јувентус ја предводеше италијанската репрезентација од 2014 до 2016 година, пред да потпише договор со „сините“ од Лондон.

– Жалам поради мојот потпис на договорот со Челзи уште пред одржувањето на ЕП во Франција. Доколку не го направев тоа, мислам дека немаше да ја напуштам репрезентацијата. Имав тежок период по поразот од Германија на ЕП, но мислам дека мојата одлука за Лондон беше избрзана – изјави Конте.

Тој потпиша тригодишен договор со Челзи во април, а после десет кола во Премиер лигата тие се на четвртото место со 22 бода

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top